Најдоцна до април идната година треба да биде готова новата канализациона мрежа во Лескоец, долга 7,2 километри, најави Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, при денешната посета на ова охридско село.
Како што информира ресорниот министер, инвестицијата е вредна 66 милиони денари, а досега се изградени околу 2,5 километри од канализациониот систем.
Инаку, новата канализациона мрежа треба да го реши деценискиот проблем кој го имаат жителите од ова охридско село.
OhridNews