Денеска, во 11 часот, на телевизијата Сонце ќе биде емитуван краткиот филм „Изгубени во паркот“, во продукција на Драмското студио Цвет 75.

Во краткиот филм се зборува за вештерката која е многу одговорна кон природада, за принцезата која го бара принцот, за принцот кој е модерен и љубезен, за двете разгалени деца Ивица и Марица, за Црвенкапа која може да го исплаши волкот, за волкот од кого никој не се плаши, за самовилата која доцни или се брза. Сите ќе се најдат во еден свет каде што бајката и реалност се измешани, нормално со среќен крај, – велат од драмското студио Цвет 75.

Краткиот филм е сниман на охридското Кале, а учествуваат Сара Пекоска, Мила Милошеска, Лина Боческа, Јон Ѓорѓиевски, Софија Стефановска и Александра Петреска. Режија и сценарија и раководител на драмското студио е Драгана Боческа.

OhridNews