Како што соопшти министерот за образование и наука, Панче Кралев, загубените часови од наставата во училиштата поради ниските температури во февруари, ќе се одработуваат во саботите до крајот на учебната година.

-Околу 50 отсто од основните и 30 осто од средните училишта, овие часови ќе треба да ги одработат во саботите до крајот на учебнта година, рече министерот Кралев кој додаде дека продолжување на учебната година или скратување на наставната програма се крајни мерки, односно мерки кои би се употребиле во краен случај.

OhridNews