Резултатите од извршените испитувања врз неколкуте земени примероци од езерската вода, каде викендов беше забележано излевање на гориво, покажале дека водата е од втора категорија. Како што информираат од Регионалниот завод за здравствена заштита, испитувањата покажале дека нема индикации за било какво загадување на водата, кои понатаму би предизвикале негативни последици врз живиот свет во езерото. Набргу по излевањето на горивото, дамката по природен пат била разбиена.



Мрсната дамка од излеаното гориво беше забележана завчера во водата на езерото во близина на градското пристаниште. Веднаш по инцидентот беше извршена контрола од страна на државниот инспектор за заштита на животната средина.  На негово барање претставник на Регионалониот завод за здравствена заштита зеде повеќе примероци од езерската вода за да се утврди степенот на загадување. Еколошкиот инцидент го регистрираше и општинскиот инспекторат за заштита на животната средина.

OhridNews