Излезе од печат книгата „Охридско Езеро бисер небесен“ од академик д-р Миле Д. Миќуновиќ, а во издание на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Во неа се опишани 32 места од каде е фотографирано езерото, информираат од Библиотеката.
Изнесени се преубави погледи на Охридското Езеро со објаснување на местата од каде е фотографирано, по редослед, од градот Охрид, кон Пештани и Трпејца на врвот на планината Галичица, па кон Св. Наум, во Албанија Тушемиште, Поградец, Мемелиште, Удениште, Пискупат, Лин, Калишта, Радожда, Струга и повторно во Охрид со залезот на сонцето, додаваат.
Книгата напишана на 224 страници содржи 394 фотографии и има современ дизајн.
Ова е 116-та книга на академик Миќуновиќ, а во месец април читателите имаа можност бесплатно да го преземат електронското издание.
OhridNews












