– „Рани спомени” е книга во која има малку творештво, но повеќе сеќавања, записи и документаристика. Нешто како сведочење. Како став, како мислење, без рецепти и заклуцоци, без суд.Читателите тоа сами ќе го кажат. Мое беше да го изнесам доживеаното, она што се случило, во што сум бил сведок и учесник, вели авторот Митаноски.
Веле Митаноски работел во многу медиуми, во сите новинарски жанрови. Бил директор на „Радио Охрид”, главен и одговорен уредник на „Езерски Глас”, новинар во „Вечер”, Танјуг, МИА. Во 1993 година го осниваше „Супер Радио”, го помогна отворањето на радиото за македонците од Мала Преспа, Албанија. Беше соосновач на магазинот „Интервју”, на Инпрес.
Митаноски, кратко време, беше активен и во политиката. Беше директор на Агенцијата за информации на Република Македонија, каде – една година пред крајот на мандатот, самиот си поднесе оставка и се вклучи во основањето на Новата социјалдемократска партија (НСДП). Беше носител на листа во Четвртата изборна единица.