Деновиве излезе првиот трејлер од новата сезона на популарната веб комедија „Идиотека“, авторски проект на актерот Никола Тодороски кој ексклузивно се емитува на „OhridNews“. Снимањето на новиот серијал се реализира во соработка со „Мега“ продукција во адаптирано студио во ексклузивниот продажен центар за мебел „Еуросалон“. Втората сезона на „Идиотека“ на љубителите на веб комедијата, ќе им понуди нови 15 епизоди исполнети со креативен хумор, во HD технологија.  Како што веќе најавивме првата епизода од втората сезона премиерно ќе биде прикажана на „OhridNews“ на 2-ри март.


OhridNews