Според последните податоци на Државната изборна комисија, до 17 часот правото на глас во Општина Охрид го искористиле 24.238 граѓани, или 46 проценти од вкупно запишаните гласачи во Избирачкиот список. Споредбено со 2019 година во истиот период, тогаш, правото на глас го имале искористено 22.969 избирачи или 44,74 % од избирачите во Охрид.

 

Излезноста во Општина Дебрца до 17 часот е 53,29 %, односно гласале 2317 граѓани. Гласањето, како што информираат од Општинските изборни комисии и во Охрид и во Дебрца се одвива непречено.

 

 

OhridNews