Мирно и без проблеми тече изборниот процес во Струга, каде денеска на 9 изборни места се прегласува вториот круг од локалните избори.

Од општинската изборна комисија информираат дека излезноста на гласачите до 17ч. изнесува 43 проценти.

Во општина Струга денеска се прегласува на три избирачки места во градот, како и во селата Радолишта, Октиси, Подгорци и Бороец, каде во единствениот избирачки список се запишани 7885 гласачи.

OhridNews