Излезноста на локалните избори во Охрид до 9 часот е 2,82 проценти, односно своето право на глас го искористиле 1479 граѓани, информира Општинската изборна комисија.
Изборниот процес се одвива непречено и без проблеми во сите избирачки места, освен на едно каде поради мали технички проблеми имаше доцнење од половина час, но истите се надминати и гласањето тече непречено и таму, изјави претседателката на ОИК Охрид Антигона Сионов.
Излезеноста за локалните избори до 9 часот во Струга и Струшко е 2,2 отсто, додека во Вевчани 5,02 проценти. Изборниот процес во двете општини тече непречено, информираат општинските изборни комисии.
Г.М.