До 13 часот на локалните избори во Охрид гласале 11 375 граѓани од вкупно запишаните 52 580 или 21,65 отсто, информира Општинската изборна комисија.
Изборите течат мирно во фер и демократска атмосфера. Сите 87 избирачки места беа отворени на време во 7 часот освен едно со половина час задоцнување поради мал технички проблем кој беше брзо решен и нема никакви проблеми, изјави Антигона Сионов, претседателка на ОИК Охрид.
Вчера гласаа болните и изнемоштени лица. Во општина Охрид биле пријавени 230 од кои правото на глас го искористиле 214, истакна Синов.
Г.М.