УИНТ Св. Апостол Павле

Од 06.05.2019 - 18:00 до 06.05.2019 - 20:00

На 6-ти мај, понеделник, со почеток во 18 часот, во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии. „Свети Апостол Павле“ ќе се одржи првата самостојна изложба на Александар Илиевски апсолвент на Универзитетот.

Мотивациите за делата во рамки на изложбата насловена „Биди вода“ произлегуваат од зачувување на природата и нејзините ресурси, климатските промени, пост апокалипсата, научна фантастика, романтика. Истиот принт од нив ќе може да се купи на лице место.

На настанот освен статични уметнички дела ќе има и преглед на 3Д модели кои ќе излегуваат од самолепливи сликички, сликичките ќе можат да се купуваат на отворениот штанд во самиот ходник на факултетот, за кои сите средства од самолепливите сликички ќе бидат наменети за донација на МИЛА и МАРТИН. Ќе биде поставена и кутија за донирање средства.