Во Охрид ќе биде отворена изложбата „Ченто – Биографија низ фотографија“ во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, а по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Методија Андонов- Ченто.
Изложбата преку фотографии го следи животот и делото на претседателот на Првото заседание на АСНОМ, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на создадени дела за него, информираат од НУ Завод и Музеј Охрид.
Автор на изложбата е Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.
Отворањето на изложбата е на 18 ноември со почеток во 12 часот во Спомен куќата на Христо Узунов.
OhridNews













