Во рамки на проектот „Од етнолошката ризница на Трпејца“, викендов, во подрачното училиште ОУ „Св. Наум Охридски“ во Трпејца, беше отворена изложба и промовирана публикација-каталог на македонски и англиски јазик, кој освен културна има и промотивна димензија.

Уредник на каталогот „Од етнолошката ризница на Трпејца“ е м-р Милчо Јованоски, а промотор на каталогот, во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, беше етнологот Оливера Мишева.

Проектот го реализира Здружението За Трпејца со љубов, со средства од ресорното министерство за култура  од Буџетот на манифестацијата НОВ КУЛТУРЕН БРАН – 2019.

OhridNews