Во галеријата на Центарот за култура “Григор Прличев” отворена е изложба на фотографии од младиот историчар на уметност и фотограф, Гоце Ефтимов.


Прикажаните фотографии содржат мотиви од еколошки недопрени предели во преспанскиот регион, локации во Албанија и Грција.


Изложбата ќе биде отворена и во наредните десеттина дена, а е подржана од Центарот за култура, Агенцијата за промоција на туризмот и Скопско туристичко лето.

OhridNews