Од 2010 година на популарната социјална мрежа Фејсбук постои група „Охрид слики од минатото“, каде до сега се објавени над 2000 фотографии кои датираат од втората половина на XIX век, па наваму. Фејсбук страницата која ја креираше Никола Зафировски, денес брои 5500 членови, охриѓани, но и вљубеници во Охрид, кои секојдневно тука објавуваат стари фотографии кои будат спомени на минатото време.
По повод патрониот празник на Охрид, Св. Климент Охридски, вечерва во 19 часот во Куќата на Уранија, ќе биде отворена изложба на фотографии објавени на фејсбук страната „Охрид слики од минатото“.
Изложбата е во организација на Завод и Музеј, администраторите на фејсбук страната „Охрид слики од минатото“ и локалната самоуправа.
OhridNews