Изложба на икони изработени од млади зографи од Охрид ќе биде отворена денеска во Галеријата на Куќата на Робевци.

Со свои дела ќе се претстават Владислав Коцарев, Јане Бакрески, Ванчо Димоски, Сашо Блажески, Никола Патчев, Драган Ристески и други. Тие како современи зографи преку новите дела во иконопис го оставаат својот печат на една вонвременска уметност.

OhridNews