Во рамки на проектот „Декада на припадност – Славење на различностите“, понеделник, 9-ти јули, во кафе бар „Шила“ ќе биде отворена изложба на избрани фотографии.
- Припаѓам тука – Што ве инспирира да почувствувате припадност кон вашиот родно место? Дали се тоа улиците каде сте пораснале? Некои посебни луѓе? Езерото, Дрим или планините? Некои неповторливи моменти? Претходниот период добивме многу фотографии на оваа тема, и сега ни е голема чест да ве поканиме на отворањето на изложбата, велат организаторите.
Заинтересираните изложбата ќе може да ја погледнат до 20 јули.
Проектот го имплементираат Локална агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга, а е финансиран од Европската Унија.
OhridNews














