Во организација на Центарот за културен проток “Артерија” во петок на 20-ти април во Галерија “Робевци”, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии “Прашина на полицата” од ЈАСНА ХРИСТОВСКА од Охрид.

“„Прашина на полицата“ претставува тенденција на авторката за комуникација со традицијата, со традиционалните елементи на оваа земја, народ, историја, особен вид на човеково постоење. Сето ова станува дел од системот на овие дела, изразено во различен вид и на различни нивоа во зависност од личното творечко разбирање. Но истовремено, преку ваквото насочување кон традицијата многу јасно е покажан и комплексниот однос кон времето во кое авторката живее и твори, може да се каже и стремеж да се најде одговор на некои од дилемите на современото битисување..”  – стои во дел од критиката на Јане Бакрески.

Изложбата ќе биде отворена до 03-ти Мај 2012.

OhridNews