По повод 21 март – Светскиот ден на поезијата, Националната установа, библиотека „Григор Прличев“ – Охрид , организира изложба на книги од академик Матеја Матевски, годинешниот добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата.

Матевски ќе биде претставен како автор и потврден препејувач на поети од шпанското јазично подрачје, меѓу кои Лорка, Неруда, Падрон, но и како угледен антологичар на шпанската, и каталонската поезија.

Изложбата ќе ја отвори Тоде Илиевски, а одбрани стихови ќе прочита Маринела Јовановиќ.

OhridNews