НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, светскиот ден на книгата 23-ти април ќе го одбележи со организација на изложба на книги, постхумно, од академик Ташко Георгиевски. Изложбата ќе биде отворена во 12 часот во понеделник, 23 април, во просториите на Библиотеката.

Македонскиот истакнат писател и академик Ташко Георгиевски почина на 77 годишна возраст. Ташко Георгиевски  е македонски раскажувач, романсиер и филмски сценарист по потекло од Егејска Македонија. Член е на МАНУ од 1983 година.

Георгиевски студирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“. Бил уредник во Македонската телевизија и во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга“.
Ги има добиено наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Рациново признание“.

OhridNews