По повод 2- ри април, Светскиот ден на литературата за деца,Националната установа библиотека „Григор Прличев“ утре организира „Изложба на книги за деца“.

Во рамките на изложбата е предвидено да се одржи читање на дела на млади поети од Централните основни училишта „Свети Климент Охридски“, „Григор Прличев“ и „Христо Узунов“.

Ќе се одржи и читање на одбрани препеви на песни за деца од славјанските јазици од Тоде Илиевски.

Изложбата ќе се одржи со почеток во 12 часот во Прличевата одаја при Центарот за култура.

OhridNews