Викендов во просториите на „Култура 365” ќе биде поставена изложба со ликовни творби од учениците од охридската гимназија, а во наредните две недели изложбата продолжува во Младинскиот Центар Охрид, информираат од училиштето.

Поставените ликовни творби се работени под менторство на проф. Виданка Мојсоска во различни техники: молив, јаглен, кафе, фломастери Нашите ученици ги изработија овие цртежи како дел од манифестациите кои се одржаа во нашата Гимназија Маникулт и по повод одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје, велат од Охридската гимназија.

Воедно упатуваат благодарност за отстапениот простор на Младинскиот центар Охрид и Култура 365 и Крсте Пурцов, со кого ја продолжуваат соработката воспoставена од Мишо Јузмески.

OhridNews