Во рамките на „Вевчанско Лето 2026“ на 10 јуни во Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ со почеток во 18 часот ќе биде отворена изложбата на детски ликовни творби од 4. Детска ликовна школа, организирана како дел од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“.
На изложбата ќе бидат претставени делата на младите учесници, кои низ својата креативност создадоа прекрасни уметнички творби, велат од Општина Вевчани.
Посочуваат дека покрај ликовните, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во музички творби во изведба на млади вевчанчиња.
OhridNews










