Во Центарот за култура „ Браќа Миладиновци“ –Струга, утре, 16- ти мај, со почеток во 20 часот, во рамки на прославата за една година постоење на Иницијатива за независен културен активизам ИНКА, ќе се одржи изложба од македонскиот ликовен уметник Атанас Ботев „Луцидно синестетички дијалог“.
Атанас Ботев е роден во Скопје, 1973. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн) во 1997. Магистрира на истиот факултет во 1999. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје. Работи во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација, перформанс. Досега има остварено седум самостојни изложби а учествувал на бројни групни изложби во земјава и во странство.
OhridNews