Во Куќата на Робевци од вчера изложена е поставката на 34 експонати на традиционални везови, кои години наназад ги краселе народните носии на македонските жени од сите краеви на Македонија. 


– Експонатите се дел од етнолошката збирка на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид, и досега се чуваа во депото на оваа установа. Станува збор за везови кои биле на ракавите од кошулите, на покривките за глава, рачно изработени од страна на македонските жени, објаснува м- р Марија Каневче, етнолог во НУ Завод и музеј- Охрид и организатор на поставката.

Изложбата ќе биде отворена еден месец, а е дел и од програмата на одбележувањето на 21 септември- Европските денови на културното наследство, при што од 21- ви до 28- ми септември вратите на музеите низ целата земја бесплатно ќе бидат отворени за посетителите. 


Во организација на НУ Завод и музеј, вчеравечер во куќата на Христо Узунов, беше извршена и промоција на “Монографијата Андон Дуко” од Јорданка Матова. За книгата зборуваше Лилјана Христова, директор на НУ Завод и музеј- Битола. 

OhridNews