Во охридското село Елшани вечерва (20:30) ќе биде отворена самостојна изложба на фотографии од Мишо Јузмески. Во просториите на Фото галеријата во Елшани ќе бидат изложени осумдесет фотографии преку кои ќе биде претставена повеќегодишната фотографска активност на авторот. Фотографиите се инспирирани од културното и природното наследство на Македонија, старите занаети, животот на село, како и од човекот и разните аспекти на неговото живеење.
Ова е првата позначајна фотографска пројава на авторот кој на македонската културна јавност и е познат повеќе со досегашната дејност во областа на литературата и издаваштвото, како раскажувач, есеист и публицист. Јузмески има објавено три книги и други публикации, а свои текстови има објавувано и во бројни списанија во Македонија и странство.
Изложбата е поддржана од Институтот за традиционални вредности од Охрид и таа всушност претставува дел од повеќегодишната акција за приближување на културата до помалите населени места. Изложбата ќе биде отворена до крајот на летото.
Музичката програма на „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов Во катедралната црква „Света Софија“ пред бројната публика Пле...
Српскиот машки хор „Свети Серафим Саровски“ од Зрењанин вчеравечер беше посебно доживување за публиката на „Охридско лето“ во рамките на традиционалната Српска вечер на фестивалот Кристалната чисто...
Дијана Петрова е автор на расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела” кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“, соопшти Општина Охрид Дијана Петрова е родена во 1992 година во ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.