По повод одбележувањето на денот на осамостојувањето на Република Македонија, во организација на детското ликовно студио , “Св. Кирил и Методиј” -Битола и НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид, ќе се изврши свечено отворање на традиционалната 8-мо септемвриска изложба на младите ликовни амбасадори од светот учесници на годинешниот “МАЛМОНМАРТР 2012”.


Изложбата ќе биде отворена во четврток, 6. септември, со почеток во 20 часот, во галерија на Центарот за култура.

OhridNews