Утре, во изложебниот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложба на охриѓанката Даниела Илиоска, насловена „Скаменети шишарки“.

Ќе бидат изложени 30 дела изработени од природни материјали, најголемиот број од нив шишарки, од кои Илиоска ја црпела инспирацијата да создаде интересни и несекојдневни уметнички дела.

Изложбата ќе биде отворена во 20 часот.

OhridNews