Околу 30 фотографии на кои се прикажани подводните убавини на Охридското Езеро ќе бидат дел од изложбата која ќе биде отворена вечера во Куќата на Робевци во Охрид.

Фотографиите се резултат на многубројните нуркања во езерото направени во изминатите 4 години, на повеќе атрактивни локаци, а истите ќе бидат прикажани во димензии 30х40 саниметри  на бело паспарту.


-Идејата произлезе од фактот дека малкумина ги виделе подводните убавини на езерото и од воодушевувањето на истите кога ќе погледнат ваква фотографија, како и од фактот дека ова ќе биде една од првите изложби на подводна фотографија во Македонија, велат организаторите на изложбата.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 8- ми јуни 2012 година.

OhridNews