ОУ Кочо Рацин Охрид

Од 30.04.2019 - 12:00 до 30.04.2019 - 14:00

Во Основното училиште „Кочо Рацин“ на 30-ти април, вторник, од 12:00 до 14:00 часот ќе биде поставена изложба на портрети на Кочо Рацин,  по повод 80 години од печатењето на збирката „Бели Мугри“.

Изложбата е организирана од страна на фондацијата „Ангел Петров“ од Велес. Од страна на фондацијата ќе бидат изложени 20 портрети на Кочо Рацин.