Вечерва, со почеток во 20 часот во Галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложба на слики, графити, скулптури во рамки на Интернационалниот ликовен караван 2013 насловена „ Убавините на љубовта“.

На изложбата ќе бидат претставени дела од 30 автори од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Германија и Америка.

Изложбата претходно можеа да ја проследат и љубителите на уметноста во Струга, а по Охрид делата ќе бидат изложени и во Кавадарци, Велес, Куманово, Скопје и Белград.

OhridNews