Денес во изложбениот салон при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид во 18 часот, ќе биде отворена изложба на слики од повозрасни сликари и сликарки од Охрид.
Во изложбениот салон ќе бидат изложени слики од ликовни уметници Јордан Манасиевски, Љубица Чифлигароска, Васка Опелоска, Ленче Војнеска, Јонче Силјановски, Данче Наумоска, Ленче Кошаркоска, Силвана Колчак, Александар Патчев, Разменка Суклоска, Ковиљка Малезанов, Ѓоко Симјановски, Олга Василевска и Слободанка Димоска, информираат од Женски Центар „Бисера“.
Изложбата ја организираат Женски Центар „Бисера“ од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“, координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.
OhridNews
фото. Архива












