„Човекот во современиот свет“, е насловена изложбата од познатиот белградскиот скулптор Драган Раденовиќ која ќе биде отворена вечерва, во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“.
Изложбата е најава и една од пропратните содржини на фолклорната манифестација Балкански фестивал .
Отворањето на изложбата е во 20 часот.











