Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Охрид, денеска со почеток во 11.00 часот, во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе организира изложба на велигденски јајца.

По завршувањето на изложбата, велигденските јајца ќе им бидат поделени на минувачите во Охридската чаршија, како и на згрижените лица во одделението за Геријатрија при ЈЗУ Општа болница.

OhridNews