Во рамки на научната и уметничка визита што се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ, на 20 јули, ќе биде отворена изложбата „Акварели“ од академик Васко Ташковски, по повод 80 години од неговото раѓање. Изложбата ќе ја отвори академик Газанфер Бајрам, секретар на одделението за уметност.

Во рамки на изложбата ќе се изврши и промоција на книгата „Акварели“ од академик Васко Ташковски, промотор ќе биде академик Катица Ќулафкова.

Присутните ќе можат да го проследат и настапот на тенорот Влатко Груевски и Андреј Наунов-пијано.

OhridNews