Кафе Галерија Охрид
2022-06-21 20:00 - 2022-06-21 21:30
По повод Денот на Езерото, 21ви јуни, вечерва со почеток во 20 часот во кафе „Галерија“ на градскиот плоштад во Охрид, ќе се одржи културен настан, поезија и изложба на слики во техника масло од опусот “Модро и Зелено” на академската сликарка Наталија Кичеец.
Ќе бидат изложени уметнички дела со подводни пејзажи со оригинални охридски бисери и сликите „Трски“- мал формат, а поети ќе споделат со публикта дел од нашето творештво посветено токму на Охридското езеро.
OhridNews