Изложбата „Светлосни фрагменти“ – композиции на Доц. м-р Марија Рашковиќ ќе биде отворена на 27 август во Лапидариум со почеток во 20 часот.

Вечер исполнета со уметност, емоција и инспирација, велат од НУ Завод и Музеј Охрид.

Во магичниот амбиент на Охридскиот Лапидариум светлината ќе раскаже своја приказна со уникатните светлосни фрагменти во кои македонските етно – мотиви добиваат современ израз. Една посебна вечер во која светлината, просторот и традицијата се среќаваат во нова уметничка приказна, посочуваат.

OhridNews