Во петок со почеток од 12 часот, во кафе барот Пливалиште во Струга,  Локалната Агенција за Развој организира културен настан.


Дел од настанот е изложба со дел од фотографиите кои учествуваа на конкурсот на тема „Единство во различноста“. Воедно, ќе бидат доделени наградите на авторите на наградените фотографии: Прва награда за Славица Панова за композицијата ” На другата страна- Христос Воскресе”, Кристина Мукоска Затуровска – втора награда за композицијата  ” Со знаење до небото- За светла иднина” и Коста Хиохи – трета награда.

Во текот на следните месеци, од Локалната агенција за развој најавуваат дека изложбата ќе посети и неколку други градови низ Македонија.

OhridNews