Манифестацијата „Ден на масовно капење на рибарите“ ( Ден на рибарите)  Спортско риболовните клубови Свети Апостол Петар и  Рибарска Вистина, во соработка со  охридскиот Завод и музеј, ја  збогатија со поставување на   изложбена поставка „ Денес за Вчера “. Преку неа,  на присутните гости им беше претставена месноста Сараиште како изгледала во добрите рибарски денови.


Со изложбената поставка се презентира риболовен алат со кој се ловело од праисторија до денес, стари фотографии од рибари и рибарски фамилии . За прв пат се презентира спиок на професионални рибари кои ловеле во Охридското Езеро. Се направи и  кратка презентација на фрлање и влечење на пештански влак , фрлање сачма , плетење мрежа, сачма и кепче.


Присутните гости се засладија со рибна чорба подготвена на лице место. Беа прикажани три документарни филмови како се ловело во минатото и што може, во рамки на туристичката понуда  Охрид да им понуди на рекреативните риболовци.


Во план е оваа поставка да се поставува и збогатува на Денот на рибарите и да стане традиционална.

OhridNews