Изминатиов викенд, во Секторот за внатрешни работи Охрид, пријавени биле два случаи на измама.
    
Се работи за кривично дело со лажно претставување  и доведување во заблуда на  пововозрасни граѓани, на кои, засега непознат сторител, им ветувал дрва за огрев по поевтини цени од моменталните малопродажни.
    
Имено, истиот, доаѓајќи во домовите на двајца повозрасни граѓани, во попладневните часови, им ветувал набавка на дабово огревно дрво по цена од 2200 денари за кубик. Верувајќи во понудата, двајцата измамени граѓани, му платиле капар од по 10.000 денари. На едниот од нив, непознатиот, му понудил и со неговото возило марка „Југо“, го одвел во Велгошти, каде од возилото, во движење, му покажал оставени дрва, за кои, граѓанинот добил ветување дека за кратко време, ќе му бидат донесени на домашна адреса. Веднаш потоа, измамениот граѓанин, од банкомат извадил 10.000 денари и извршил исплата. Одкако, не ги добил дрвата, измамениот граѓанин, се упатил во Велгошти на истото место, каде од сопствениците добил информација дека  дрвата не се за продажба.

На истиот начин, со ветување дека ќе им донесе 6 кубици дабово дрво, засега непознатиот сторител, добил капар од 10.000 денари, ветувајќи дека за кратко време, со камион ќе им бидат доставени, велејќи им да бидат дома, и да го чекаат возилото. 
    
СВР Охрид, презема мерки за пронаоѓање на измамникот.