Владата на Република Македонија воведува измени на кривичниот законик со која треба граѓаните да ги стави во еднаква положба пред судовите, односно за исто кривично дело ќе биде изречена иста затворска казна.
Правилникот ќе го изработи судот, а ќе го донесе претседателот на Врховниот суд на Македонија, со учество и по обезбедено мислење од Јавниот обинител и од Адвокатската комора.
По стапувањето во сила на измените на Кривичниот законик, откако ќе поминат во Собранието во рок од 30 дена, претседателот на Врховниот суд на Македонија ќе има обврска да го донесе Правилникот врз основа на кој ќе мора да се изрекуваат сите кривични санкции во Македонија.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев потенцира дека со измените се отстрануваат можностите, причините или условите за доведување на граѓаните и компаниите во нееднаква положба пред законот при изрекување на кривичните санкции.Односно, ќе се избегнат ситуациите како досега кога за едно исто дело, некои судови изрекувале поблаги, а други потешки и посериозни санкции кон граѓаните,при што дел од судиите не го почитувале законскиот опсег даден за изрекување на казните.
OhridNews