Во тек на изготвување се измени на Законот за трговијата, со кои се предвидува укинување на ограничувањата во Законот што беа воведени во 2008 година, а кои се однесуваат на ограничувањето на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало.

Основните решенија на предлог-законот предвидуваат продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, без ограничување на времето за продажба и без посебни услови.

OhridNews