Идејното решение за горенаведениот предмет на конкурсот, според условите, заинтересираните можат да го достават најдоцна до 15.08.2013 година во 13.оо часот, по пошта или лично со поднесување во архивата на општина Охрид. Измената на конкурсната дикументација за избор на идејното решение за „Графички дизајн на туристичко пропаганден материјал“ се однесува на роковите наведени за предавање на конкурсните трудови.
Кретивноста, автентичноста на идејното решение, техничка издржаност како и можноста за реализација на решението ќе бидат критериумите кои ќе се применуваат за избор на најдоброто идејно решение.
При изборот на графички дизајн, општина Охрид ќе додели три награди и тоа:прва награда за избраното најдобро идејно решение во висина од 30.000 денари,втора награда во висина од 25.000 денари и трета награда во висина од 20.000 денари.