Довчерашниот пратеник Митре Вељаноски кој првично се најде на листата за пратеници предложена од Сојузот за иднината на 7-та позиција, нема да да се бори за нов мандат.
На негово место влегува членот на Извршниот одброр на СДСМ од Охрид Ѓоко Танасоски.
Од СДСМ ја потврдија информацијата, но не соопштија детали за измените во листата, посочувајќи дека покрај оваа, извршена е замена на позициите кои ги имаат општинските организација на Струга и Кичево на кои им припаднале местата 3 и 5 на кандидатската листа запратеници на опозцискиот „Сојуз за иднината“.
OhridNews