Од утринава дел од улицата Јане Сандански е со изменета хоризонтална сигнализација.


На потегот од пресекот на Јане Сандански со улицата Галичица кон раскрсницата, една коловозна лента е затворена за сообраќај. Според исцртаната хоризонтална сигнализација, од денес возилата треба да го користат делот од улицата кој досега служеше како паркинг простор за такси возилата.


Претпоставка е дека ваквите измени се направени поради градежните потреби за објектот чија изградба е во тек. Поради тоа што недела е неработен ден, информации околу причините за ваквиот потег на Фондот за комунален развој и патишта очекуваме во текот на утрешниот ден.  

OhridNews