Во текот на вчерашниот ден Ј.П. Македонија пат, Јавната установа Национален парк Галичица и изведувачот на работите за реконструкција на регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум, јавноста беше информирана дека истиот ќе биде целосно затворен за сообраќај за сите моторни возила во наредните десет денови, во периодот од 23/07/2021 до 07/08/2021 поради реконструкција на коловозна конструкција. Затварањето на патниот правец е заради потребата од реконструкција, а истовремено и обезбедување на сигурност и безбедност при вршењето на градежните активности кои ќе следат во гореспоменатиот правец, а ќе бидат изведувани од страна на А.Д. Илинден – Струга.

Поради бројните реакции, а и заради обезбедување на непречен транзит низ Националниот парк, извршена е измена на режимот на сообраќај на овој патен правец, соопшти Јавната установа Национален парк Галичица.

  • Регионалниот патен правец кој води преку Галичица ќе биде затворен за секаков сообрајќај, секој ден на делницата од Баба до Царина (преспанска страна) од 8 до 17 часот. После 17 часот патниот правец ќе биде отворен за сообрајќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообрајќајна сигнализација.
  • Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообрајќај во девете насоки.

Овој регионален патен веќе подолго време не беше реновиран и оддржуван, а од друга страна истиот е многу користен од бројни љубители на природата кои го посетуваат Националниот парк, парагладеристи и луѓе кои само транзитираат низ Паркот.

Преку активна комуникација меѓу ЈУНПГ и општините на чија територија се протега Паркот, како и Ј.П. Македонија пат, беше одлучено дека оваа година истиот ќе биде реновиран. За потсетување оддржувањето на патот е во ингеренција на Ј.П. Македонија пат и неговото редовно оддржување и проодност е од големо значење за развојот на планинскиот туризам во регионот. Преку оваа активност ќе се обезбеди модерен и безбеден правен патец кој ќе биде од голема корист за сите жители на регионот и за сите вршители на дејност во Националниот парк. – велат од Јавната установа Национален парк Галичица Охрид.

OhridNews