Во изминатата 2013 година биле собрани вкупно 55 000 единици крв, со што годишниот план бил натфрлен за 5 отсто, информираат од Институтот за трансфузиона медицина, пренесува „Алфа“.
Според податоците на Инстутитот за трансфузиона медицина, секој 40-ти жител на Македонија учествува во крводарителски акции.
„Во целата држава, во Институтот за трансфузиона медицина и во сите служби има доволни количини од крв од сите позитивни и негативни групи.“ – вели д-р Розмари Каламарес, Институт за трансфузиона медицина.
Оттаму напоменуваат дека најчести крводарители се повозрасните лица, а акцијата на Црвениот крст „Супер е да си млад, кул е да си хуман“ има за цел да ја подигне свеста кај средношколците и студентите.
Инаку, во изминатата година општинскиот Црвен крст во соработка со повеќе институции и организации спроведе низа крводарителски акции во охридскиот регион.
OhridNews
извор: „Алфа“