19 минути по полноќ, денес, во Охрид и околината беше почувствуван земјотрес со јачина од 3.8 степени со епицентар на 5 километри од Косел. Потрес со јачина од 3 степени е регистриран и во 1.49 часот.
Во текот на вчерашниот ден регистрирани беа два слаби земјотреси со јачина од 2.2 до 2.4 степени, и еден со јачина од 3.1 степен во 22.02 часот.
OhridNews












