Во средината на мај германскиот инвеститор ОДВ Електрик ќе ги започне активностите околу потпишување на договорот со постоечкиот објект, каде до крајот на оваа година ќе се вработат 100 луѓе, а потоа ќе започнат со градба на својот објект во слободната економска зона лоцирана во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“, најави на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за слободни економски зони.
Како што тој рече, пресудно за германскиот инвеститор да го избере Охрид бил квалитетот на стручниот кадар и индустриската традиција во регионот.
„ОДВ Електрик, како што знаете пред десетина дена официјално објави дека донесе одлука да инвестира во Охрид со вработување од вкупно 1000 луѓе. Таа компанија е директен добавувач на американската компанија, која ќе започне со градба на фабрика за воздушни перничиња во Кичево. Што значи дека започнува цел тој ланец на компании и нивни добавувачи да доаѓаат во Македонија.“ – изјави Виктор Мизо директор на Дирекцијата за слободни економски зони. “ – рече Мизо.
Тој потенцира дека претставници од втората компанија која е најавена да инвестира во Охрид и да вработи 800 луѓе, биле во градот во текот на оваа седмица.
„Тие беа тука во Охрид на терен оваа недела. Планираат повторна посета за месец и половина. Ги разгледувавме потенцијатлите за нова грин филд инвестиција во слободната зона како и дел од постоечките проекти. Тие поминаа 48 часа во Орхид каде директно ги гледаа сите можнсти“ – додаде Мизо.
Директорот на Дирекцијата за слободни економски зони, најави дека во рамките на месец август ќе започне изградбата на слободната економска зона во близина на аеродромот Свети Апостол Павле, која до средината на идната година ќе биде функционална да започне со работа.
OhridNews